Вести Свет Топ вести

И луѓето над 65 години ќе можат безбедно да ја примаат вакцината на „Фајзер“

И луѓето над 65 години безбедно и без несакани ефекти ќе можат да ја примат вакцината на американската фармацевтска комапнија Фајзер и германски Бионтех. Иако минатата недела јавија дека вакцината нуди заштита од КОВИД 19 речиси 90%, сепак немаше информации за тоа дали е безбедна за постарата група на луѓе кои можеби и ќе бидат и во првиот ред за да ја добијат. Денешните резултатити велат дека вакцината е безбедна за сите возрасти, раси и етникуми.

На примерок од 170 испитаници, вакцината делувала кај 162-ца што значи дека нејзината ефикасност е 95%. Податоците покажале дека вакцината спречила развој на благи и тешки облици на ковид 19. Кај 2 проценти од волонтерите, кои биле на возраст од 56 до 85 години се развиле блага вртоглавица и главоболка. Сега Фајзер итно ќе бара од Американската администрација за храна и лекови да ја дозволи нејзината употреба во итни случаи во рок од неколку дена. Ако добие дозвола, на располагање до крајот на годината ќе бидат 50 милиони дози, а веќе следната година ќе произведат 1,3 милијарди дози.  Денешните нови информации следуваат само неколку дена откако и фармацевтската компанија Модерна јави за неверојатното постигнување – чија вакцина исто така е 95% ефикасна.

Создавањето на вакцината во ек на пандемија е нешто речиси надреален научен прогрес, сметаат докторите кои цели осум месеци ја бијат битката со вирусот чии жртви на светско ниво наближува еден ипол милион.

Можеме да бидеме охрабрени од брзото темпо на научниот прогрес, вклучително и ектремно охрабрувачките податоци кои покажуваат висок степен на ефикасност за кандидатите COVID-19 вакцини во големи клинички испитувања. Никогаш не е развиена вакцина за толку кратко време, вели доктор ентони фаучи.

Најрано кога би можело да се доставува вакцината е средина на декември. Но, тоа не значи дека ситуацијата драматично би се сменила. Не чека тешка зима велат од Фајзер и Бајонтек. Ситуацијата можеби ќе може да се контролира на средина од наредната година. Но, дотогаш, најидеално би било да носиме маска, и да останеме дисциплинирани.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе