Вести Македонија Топ вести

Скопје и Софија со најави за продолжување на разговорите, во регионот осуда на ветото

Ден по бугарското вето, дојдоа и првите остри осуди и реакции од академци и политичари од регионот на одлуката која ја оценија како скандалозна и со последици по целиот регион. Двете Влади пак, воздржани во изјавите, со извесна доза на оптимизам и идентичен став – разговорите мора да продолжат. И Скопје и Софија не исклучуваат дека сеуште постои шанса за приближување на ставовите и евентуално постигнување на договор кој би резултирал со меѓувладина седница во декември но отворените прашања остануваат исти.

Засега средба меѓу двајцата премиери нема да име. Од Владата соопштија дека нема да се преговара за идентитетот и потврдија дека нема да се свика лидерска средба околу бугарското вето.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денека изјави дека ветото е принципелен став поради отворени прашња кои предизвикуваат незадоволство во Софија и повтори дека Бугарија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија и дека очекува разговорите да продолжат.

Во Бугарскиот праламент пак министрите Каракачанов и Захариева одговараа на прашањата на пратениците  околу одлуката за вето. Правни гаранции  дека ќе се смени сегашната полицика на официјално Скопје е ставот на Захариева за продолжување на разговорите а Карачанов пак кажа дека е можно да има договор до крајот на годината ако „Скопје престане да ја фалсификува историјата“.

Бугарското вето наиде на остри реакции и во регионот. Поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ ја оцени како скандалозна одлуката на Бугарија и додаде дека тоа може да има последици по целиот регион. Истакнати интелекуталци во Бугарија ја осудија блокадата и ставовите на официјална Софија

Тука и таму во медиумите ќе најдеме признание дека бугарската позиција е неразбирлива за Европа. Така е, но не не ја разбираме и внатре во Бугарија. Што точно сакаме од Македонците за да им го отвориме патот кон ЕУ? Ако ја прашате Екатерина Захариева, потоа (Ангел) Џамбаски и конечно некој од улицата, ќе добиете сосема различни одговори. Во исто време, Захариева и Џамбаски ќе тврдат дека бранат позиција за која постои национален консензус, вели Бојко Пенчев –Универзитет„ Св. Климент Охридски“, Софија

Домашната јавност, партиите и експертите со жестока осуда на блокадата на старот на преговорите со ЕУ.  Консеквенците ќе ги сноси и Бугарија за овој преседан, смета професорот Љубомир Фрчковски.

Реагираа и еминентни академици и историчари од просторите на поранешна Југославија кои објавија протестно писмо кое деновиве ќе биде доставено до Брисел. Тие го осудуваат обид на Бугарија за ревизионизам и злоупотреба на историјата во политички цели кој според нив е опасен не само за историјата туку и за демократијата и просперитетот на регионот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Ниски плати и неправедна судска пракса -независниот полициски синдикат на протест

Дејан Дејан

Убедливо водство на социјалистите и низа нерегуларности на изборите во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе