Вести Македонија Топ вести

Приватните специјализанти се вклучуваат во борбата со КОВИД 19

Во борбата со ковид 19 во земјава се вклучуваат и приватните специјализанти, кои ќе почнат со работа во интерните клиники. Утринава министерот за здравство Венко Филипче одржа состанок со директорите на интените клиники каде беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

Во мемонтов на интерните клиники има околу 20 тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе започне и ковид центарот на Клиниката за очни болести на кој ќе можат да се сместат 33 пациенти.

Македонија последниве неколку дена се стабилизира на високиот процент од околу 35 проценти заразени меѓу извршените тестови, а според анализите на министерството за здравство, факторот на заразување е намален и приближен на 1. Односно 1 позитивен, заразува еден човек. Откако се погласни се критиките и жалбите на пациентите дека не биле примени во болница, министерот Филипче вчера објасни дека на сите се трудат да им одговорат, но дека поради непредвидливоста на вирусот, најголемиот притисок е врз целиот здравствен систем бидејќи бидејќи никогаш во историјата, ниту пак во науката бил предвиден за лечење на само една болест, во случајот Ковид 19. Тактиката на првиот лекар, но и на јавното здравство засега е чекање резулатти од веќе донесените мерки. Последно решение е клуч, карантин и полициски час доколку бројките наместо да стојат во место или паќаат, продолжат да растат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе