Ковид19 Свет Топ вести

Една година од првиот регистриран ковид пациент

Пред една година, регистриран е првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 55-годишен маж од провинција Хубеи во Кина. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19.

Денеска во Кина има само по неколку случаи на заболени на дневно ниво, а во САД бројот на заболени е околу 150.000 луѓе на ден.

Денеска се очекува Шкотска да објави воведување на карантин во западниот дел од земјата. Ограничувањата на движењата од четврти степен подразбираат забрана за напуштање на подрачјето, затворени продавници и намногу шест гости и тоа во градината.

Британската јавност го споделува ова видео со апсење на престапник на здравствените протоколи во лондонскиот Хајд Парк, кој се брани дека не направил прекршок.

Делувајте брзо и одлучно, им порачува СЗО на земјите, бидејќи последиците ќе бидат долгорочни, а бројот на смртни случаи ќе се зголемува.

Ова е опасен вирус кој може да го нападне секој дел од телото. Земјите кои оставаат вирусот да се шири без контрола си играат со оган. Прво, ќе има и понатаму непотребни смртни случаи и страдања. Второ, како што кажав пред две недели на конференцијата за печат, гледаме дека голем број на луѓе имаат долгорочни последици од вирусот. Трето, посебно здравствените работници се соочуваат со екстремен притисок врз менталното здравје и случаите сериозно го оптеретуваат здравствениот систем во мноштво земји, вели Тедрос Адханом Гербејсус, генерален директор на СЗО.

Со засилувањето на вториот бран на коронавирусот во Европа, и Шведска, земјата со најблаги мерки, воведува нови забрани. Властите им препорачуваат на граѓаните да не одат на забави и веселби, да не посетуваат библиотеки и теретани, а од денеска на сила е и забраната за собирање на повеќе од осум луѓе. Во Шведска според Ворлдометар има 177 илјади заболени, а бројот на починати изнесува 6.164.

Индија, земјата со рекордни 8,8 милиони инфицирани со Ковид-19, во болниците користи и роботи, кои им ги поставуваат првите прашања на пациентите при влез во болница, со цел контактот со персоналот да се сведе на минимум.

Примарно примената се однесува на интеракција со пациентите, можноста за собирање на основните податоци, како и можноста за разговор со пациентите, а потоа се прави една од двете работи. Едната е прием, па две можности и даваме на увид на болницата или таа ќе отвори постапка за прием во кој пациентите можа да бидат однесени во амбулантата за грип или на друг оддел и исто така може да правиме телемедицина преку самиот робот, објаснува Балај Висванатан, извршен директор на Инвенто Роботикс.

Математичката пресметка, пак на научникот Мет Паркер вели дека вкупниот волумен на патогени микроби кои заразија 55 милиони луѓе во светот, може да се собере во нешто повеќе од една лажичка за кафе.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе