Голем ден – прогласи американскиот фармацевтски гигант Модерна. 95% ефикасност покажаа резултатите од последната фаза на клиничкото испитување на нивната вакцина. Податоците пристигнуваат речиси по седум дена откако и соработката меѓу Фајзер и германски Бајонтек дадоа надеж дека и нивната вакцина можеби ќе ја сопре пандемијата. За создавање на вакцината, двете компании користеле високо иновативни и експериментални пристапи.
Навистина е значајна пресвртница во борбата против пандемијата бидејќи покажува дека нашата вакцина, mRNA-1273, може да ја спречи болеста, како и тешкото заболување кај луѓето што ќе ја примат. Секако е пресвртница, но имаме уште многу работа пред нас, вели претседателот на Модерна, доктор Стивен Хоџ.
Во ова тестирање учествувале 30 илјади луѓе. Половина од нив примиле две дози во период од 4 недели, додека другите добиле лажна вакцина. Се јавува блага темепратура, кратка вртоглавица, главоболка и болка – кои се смируваат со парацетамол. Но, ова е мала цена во споредба со разорниот ефект од вирусот, па така од Модерна велат дека вакцината е 100 постотно безбедна.
Профилот соодветствува со веќе одобрените вакцини од кои има значаен бенефит. Се надеваме дека повеќето ќе се вакцинираат, дури и ако се појават симптоми налик на грип, бидејќи бенефитот од оваа вакцина е заштита од болеста КОВИД 19, вели д-р Хоџ.
Модерна предупредува дека ова се почетни податоци за вакцината и дека некои прашања остануваат без одговори. На пример – Нема информации ниту како ќе реагираат постарите луѓе, со оглед на тоа што тие се најранливите, а можеби и првите кои ќе треба да ја примат. Не е сигурно и дали вакцината спречува оној кој ќе ја прими да заболи од КОВИД 19, или ја исклучува и можноста да го пренесе вирусот на другите. Одговорите на овие прашања ќе влијае и на начинот на употреба на вакцината.
Сепак, резултатите покажуваат дека вакцината не го губи својот потенцијал со текот на времето. Планот е да се произведат 20 милиони дози до крајот на годината, за следната да произведе милијарда дози – операција за која велат ќе биде потребно работа 24-7.
Вакцината на Модерна за разлика од онаа на Фајзер е и полесна за складирање. Останува стабилна цели шест месеци на минус 20 степени, а во обичен фрижидер може да се чува еден месец. Вакцината на фајзер бара складирање на минус 75 степени, а во фрижидер може да се чува само пет дена.
Алиса Шутиноска