Вести Македонија Топ вести

Угостителите бараат владата да ги затвори – Бектеши им одговари – тоа е ваша слободна волја

Владата да стави клуч на врата  на угостителские објекти за да не биде вперен прстот кон нив дека се причина за ширење на корона вирусот – бара Независната угостителска комора. Велат со скратувањето на работното време до 21 часот угостителите се пред крах – не остваруваат ниту 10 проценти од прометот во истиот период лани. Бараат директна поддршка и обештетување од државата за да ја преживеат зимата зошто  нема да опстанат ниту половината од локалите. Финансиката помош за исплата на минималец не можат да ја користат бидејќи голем дел од нив не ги исполнувале условите.

Владата пак преку пет мерки од четвртиот сет  со 7,5 милиони евра паланира да го помага туристичко угостителскиот сектор. Ќе се враќаат парите од  ланската туристичката такса за привремен престој за 2019- та година. Туристичките агенции ќе добијат  грантови од 3 до 7 илјади евра, ќе има грантови за рестораните за свадби од 3 до 10 илјади евра, игротеките ќе можат да добијат до 5 илјади евра, а лиценцираните туристички водичи помош од 65 илјади денари. Аплицирањето почнува од денска, на платформата „Дома си е дома“. Министерот Бектеши вели туристичкиот сектор е најподдржан до сега, но  не ја исклучува можноста од нови мерки, но наредната година. Дали угостителите ќе затворат или не, остава на нивната слободна волја.

„Ние не можеме да им наложиме на некои да затворат или не. Одлука за целосно затворање на угостителските објекти во моментов не се разгледува, и мислеме дека нема да се донесе до крајот на годината. Тие што ќе одлучат да ги затворат сами, тоа е нивна слободна волја“ – изјави за Телма Бектеши.

Во исто време пак додека министерот ги презентираше новите мерки, со барања излегоа и туристичките работници од Стопанската комора. Бараат бесплатни тестови за странците кои ќе доаѓаат во земјава, поддршка за промоција, и измени во законот за и тие да можат да ја користат помошта од државата за исплата на минималец.

И додека најпогодениот сектор од корона кризата е на раб на пропаст, Министерот е задоволен од реализацијата на досегашните мерки. За четири месеци не се искористени ни половината, или 43.000 од 110,000 ваучери за туризам од 6.000 денари. Граѓаните имаат уште еден месец да ги искористат но голем дел се уште ги продаваат на социјалните мрежи за половина цена.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе