Ден пред Советот на министри за надворешни работи на државите членки на ЕУ нема никакво поместување или приближување на ставовите меѓу Македонија и Бугарија и по вчершаните изјави на шефицата на буигарската дипломатија Захариева и премиерот Заев веќе е извесно дека официјална Софија на состанокот ќе стави вето на стартот на преговорите со Унијата.
Домашните експерти децидни, ветото е реалност а Бугарија ќе продолжи со блокирање на стартот на преговорите и во иднина и затоа е потребна нова стратегија.
Според Јорданова и покрај ветото клучно е да не запре со спроведувањето на реформите и исполнувањето на условите во поглавјата.
Од Европската Комисја нагласија дека ги охрабруваат двете страни да најдат решение и го повторија ставот, меѓувладина конференција треба да се одржи што е можно побрзо. Изјавите на Захариева не ги коментираа.
Захариева вчера го повтори цврстиот став на Софија, Македонија има поддршка за членство во Унијата но утре на Советот на министрти нема да има „да“ бидејќи не се исполнува делови од Договорот за добрососедство како што тие очекуваат но и говор на омраза и обид за кражба на историјата.
Премиерот Заев пак кажа дека е подготвен за бугарсктото вето кое може да биде пречка за градење на натамошните пријателски односи.
Вчера се огласи и МАНУ со промеморија за државтотворноста и идентитетот на македонскиот народ во која како заклучок стои дека македонскиот јазик има просторен и временски континуитет а македонскиот идентитет има етнокултурна посебност.
Огнен Чанчаревиќ