Македонија Топ вести

Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

Германија ќе стори се што е во нејзина моќ да почнат пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ за време на германското претседателство до крајот на годинава, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.

– Се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција за време на претседателството на Германија со ЕУ. Ние и натаму ќе работиме со вас како и во изминатите денови бидејќи тоа е нашата цел јавно прокламирана за време на нашето претседателство. Од март чекаме конечно да почнат формалните преговори и настојуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, рече Мас.

Нагласи дека од тоа ќе зависи и кредибилитетот на ЕУ во регионот.

– Одлучувачко ќе биде во наредните денови да се најде решение за прашањата за кои се уште немаме одговори. Ние сме сериозни за тоа и сакаме конкретно да ги реализираме овие цели. Сериозни сме кога велиме дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ и сакаме да имаме успех во тоа. Ќе сториме се што е во наша моќ да ве поддржиме на тој пат, рече шефот на германската дипломатија Хајко Мас на доделувањето на наградата на премиерот Зоран Заев во Берлин

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе