Вжештени телефони во Службата за итна медицинска помош. Се јавуваат граѓани со различни здравствени проблеми, но и со Ковид- 19. Во последниот месец состојбата со пандемијата ескалира, а бројот на интервенции само во последните 24 часа е 20, вели шефот на смена во СИМП.
Последниот месец дена да кажа, ескалира и бројчано и по тежината на основното заболување со вирусот. Затоа што наидуваме на различни возрасти, со различна клиничка слика. Нашата интервенција е кај потешките случаи на кои им треба нашата помош, дали да реагираме во домовите , дали со пренос до Инфективната клиника , сега и во „ 8 Септември“ и во другите интерни клиники, да биде што побр, со кислородна подршка, вели Марина Сотировска- шеф на смена во СИМП.
Возилaта на ИМП се постојано на терен. Реагираат по дојава од матичните лекари за прием на пациенти со корона вирус на клиниките, каде има слободно место. Но, лекари од оваа служба делуваат и без интервенции од матичните, кога ќе добијат дојава за пациент во тешка состојба. Одат во неговиот дом , ги утврдуваат симптомите и сатурацијата и одлучуваaт дали заболениот ќе биде пренесен во некој Ковид центар, или ќе остане дома , но во контакт со здварствените работници.
Треба да се јавуваат на време, за да може да се реагира кога сеуште болеста не стигнала до тој степен да не може да се помогне, вели сотировска.
Сепак имале и трагични исходи, дополнува Сотировска. Таа апелира граѓаните да се стрпат од држења овој период и да носат лична заштита . А, непочитувањето на таа мерка го почувствувале на своја кожа од семејство на пациент.
Екипа е нападната затоа што им се кажало да си стават маски бидејќи нашата екипа треба да интервенира. И беше грубо нападната, вели сотировска.
Во пандемијата, СИМП паралелно работи и со пациенти со други заболувања. Иако се уморни, духот да истрајат, не ги напушта. Со вклучувањето на специјализантите имаат 7-8 тимови во смена и доволно возила кои по интервенциите ги дезинфицираат. Но, признаваат дека нема да одбијат донација со дополнителна заштитна опрема зашто и за нивното здравје е подобро постоечката, почесто да ја менуваат.
Сотир Трајков