Спорт Фудбал

Ангеловски: Главната цел исполнета, одиме на прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација избори пласман на Европското првенство, но по триумфот во Тбилиси пред нашите најдобри фудбалери е нов предизвик, а тоа е освојување на првото место во групата и пласман во Б Лигата на нации.

Утре во Скопје гостува селекцијата на Естонија, а во последното коло в среда во Никозија играме против Ерменија.

“Кажав во септември дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први во Лигата на нациите. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на Кипар и таму да решаваме за првото место. Втората можност пак да бидеме шампиони во ова натпреварување мора да не мотивира. Од утре настапуваме како репрезентација која настапува на ЕП и тоа мора со сите сили да го браниме. Секогаш има мотивации и сакаме да бидеме први во Лигата на нациите. Ќе се обидам да ја изнесам најдобрата тактичка определба според тимот на располагање. Доволно време сме заедно и добро знаеме што треба да направиме на теренот”, изјави селекторот на националниот тим, Игор Ангеловски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе