Вести Македонија Топ вести

Заеднички пазар, зелена агенда без јаглерод по средбата во Софија во рамки на Берлинскиот процес

Ангела Меркел од Берлин на видео конференциска врска, Заев и Борисов еден до друг во Софија. Берлинскиот процес продолжи, а придобивките по оваа средба ќе ги чуствуваат земјите од Западан Балкан, соопштија овогодинешните домаќини. За заеднички пазар и пазар на трудот, и 9 милијарди евра за економии со намалена емисија на јаглерод двооксид, честитки добија од германската канцаларка која од Берлин порача дека здравјето на граѓаните е најважно.

„ Во оваа ситуација во која се наоѓаат нашите економии, сè што ќе направите преку овој процес, ќе го поткрепи здравјето и просперитетот на граѓаните. Владите постигнаа согласност за зелена агенда и се што е постигнато е за заштита на климата на шесте земји од Западниот Балкан, како и за агендата за проширување, Берлинскиот процес и неговото напредување за помирување во регионот и здравјето на Европа“, рече Меркел.

Средбата во Софија дала резултати, и ќе има поддршка за иницијативите за регионален договор за патување со лична карта во земјите од регионот, проширување на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на Европската унија, зголемена соработка во областа на здравството за регионален одговор на пандемијата, оцени македонскиот премиер Зоран Заев пред колегата Борисов во Софија.

Најзначајна придобивка според бугарскиот премиер е  потпишувањето на декларацијата за заеднички регионален пазар. Тој е уверен дека дека 20 милиони луѓе од Балканот ќе може да имаат повисок стандард и ќе останат во регионот.

„ Овие 3,3 милијарди евра плус новите девет милијарди евра даваат можност за големи инфраструктурни проекти во регионот на Западен Балкан и она што отсекогаш сме го сонувале, обединување во сите области, како што е дигитална, транспортна и културна, изјави Борисов.

„Наредното лето да се видиме во Берлин“, беа последните зборви на Меркел до организаторите со надеж дека пандемијата ќе биде надмината, а корона вирусот победен.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе