Почна вакцинацијата против сезонски грип за ранливите категории граѓани, лицата над 64 години, бремените жени и децата. Во пунктовите на здраствен дом распределени се вкупно 2 илјади и 500-тини вакцини. Веднаш штом ги потрошат, ќе добијат нови дози, објаснува директорот на здравствен дом, Виктор Исијановски.
Со упат од матичен, граѓаните ќе можат да се вакцинираат во периодот од 14 до 19 часот. Останатите граѓани, пак, кои не спаѓаат во ранливите категории, можат да се вакцинираат во Центарот за јавно здравје. Таму, утринава од 7 до 11 часот, потрошени се првите 2000 дози. Се очекуваат нови 2000. Овие вакцини чинат по 800-тини денари.