Македонија може да ја очекува вакцината против ковид на фармецевтските компании Фајзер и Бајонтех во почетокот на наредната година, во јануари или февруари. Министерот Филипче објаснува дека нашата земја ќе ја добие вакцината, која светот очајно ја чека, преку Ковакс Системот со кој имаме потпишано договор.
Понуда за да ни достават вакцини од своите залихи Македонија добила и од Полска и од Грција, потврди министерот. Во меѓувреме, производството на вакцината на Фајзер и Бајонтех веќе е ставено на брза лента. Белгија е прозивдоителот за европскиот пазар, а за американскиот, се пороизведува во сојузната држава Мичиген.
Американскиот „Фајзер“ и германскиот „Бајонтех“, по прелиминарните анализи во рамките на третата фаза од испитувањето, објавија дека нивниот кандидат за вакцина против коронавирусот има „90 процентна ефикасност“, што беше утврдено „седум дена по примањето на втората доза“.
Безбедносната компонента сè уште се чита. Би сакале да добиеме најмалку 60 дена по втората инјекција. Две дози за имунизација на пациент. Значи 60 дена и најмалку 6.000 од волонтерите во студијата. Ќе ни требаат уште неколку недели за да ја достигнеме таа пресвртница и тогаш ќе го имаме овој конечен податок за безбедноста, вели потпретседателот на „Фазер“, Џон Буркхарт.
Вакцината сè уште чека „зелено светло“ од здравствените власти за да можат да ја дозволат употребата, но Фајзер велат дека со оглед на итноста со која се бара лекот за коронавирусот, одлучиле да ризикуваат и паралелно со испитувањето во третата фаза да го почнат производството.
За научниците, анализите се ограничени, бидејќи вакцината се уште не ја примиле милиони луѓе. поради тоа, патот е долг велат. Сепак, нема сомнеж дека истата дава надеж дека ја намалува болеста.
„Фајзер“ и „Бајонтех“планираат да испорачаат 1,3 милијарди дози во текот на наредната година. Европската комисија е во преговори со овие компании за договор за испорака на 300 милиони дози за земјите-членки.
Алиса Шутиноска