Со дигнати палци во знак дека се е во ред, американскиот претседател Трамп е забележан како го напушта својот голф клуб во Вирџинија. Тој два дена со ред игра голф, откако американските медиуми објавија дека ја изгуби трката за реизбор за претседател. Трамп не ги признава резултатите од гласањето според кои демократот Бајден е новиот американски претседател, тој постојано ги оспорува резултаите иако нема докази за голема проневера со гласовите. Во јавноста не се обратил од четвртокот. Од неговиот тим велат дека денеска ќе одржи неколку митинзи, но не откриваат каде и кога.
Додека Доналд Трамп ја продолжува борбата за задржување на функцијата, на агендата на Бајден денеска е првиот состанок со неговиот тим за борба против коронавирусот за да го испита најголемиот проблем со кој ќе се соочи кога во јануари ќе ја преземе власта. Од пандемија на корона вирусот досега уби во САД починаа 237.000.
Бајден освои четири милиони гласови повеќе од Трамп, со што го надмина надмина прагот од потребните 270 електорски гласови.
Рускиот претседател Путин ќе ги почека официјалните резулати пред да му честита на Бајден за победата, додека пак Меркел веќе го стори тоа истакнувајќи ги приоритетите на транатланската политика.
Соединетите држави и Германија, како и дел од ЕУ мораат заедно да се носат со големите предизвици на нашето време, рамо до рамо во решавање на корона пандемијата, раме до рамо во борбата против глобалното загревање и глобалните последици, во борбата против тероризмот, рамо до рамо со глобалното стопанство и слободната трговија, бидејќи тоа се темели на нашиот простеритет од двете страни на Атлантикот, рече Ангела Меркел, канцелар на Германија.
Автомобили со американски босански знамиња со свирежи го запреа сообраќајот во Сараево на прославата за поддршка за новоизбраниот американски претседател Бајден. Тој акко американски сенатор во 1990 имаше клучна улога во ставањето крај на четиригодишниот судир во Босна, по што дојде со склучување на Дејтонскиот договор. Жителите на Сараево велат дека само поради тоа успеале да опстанат како мултиетничка држава.
Америка благодарение на Џо Бајден и НАТО пактот кој интервенираше овде, онака како што беше потребно, бидејќи без таа интервенција и без помошта од Америка ние немаше да можеме да опстанеме. Ние бевме осудени на исчезнување, вели Ризван Халиловиќ, жител на Сараево.
Додека честитки до Бајден стигнуваат од сите страни на светот, неизвесноста околу трансферот на власта зависи од тоа дали Трамп, кој јавно не го призна Бајден за 46-ти претседател и тврди дека изборите се украдени, ќе ги попречи демократите во формирањето на владата.
Билјана Ставрова