Свет Топ вести

Зетот на Ердоган поднесе оставка поради здравствени причини

Зетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Берат Албајрак поднесе оставка од функцијата министер за финансии, посочувајќи поради здравствени причини.

„Откако бев министер скоро пет години, донесов одлука да не продолжам како министер за финансии поради здравствени проблеми“, наведе Берат Албајрак во порака на Инстаграм.

Албајрак (42) беше министер за финансии од јули 2018 година, а претходно три години беше министер за енергетика.

Неговата оставка следи по смената на гувернерот на турската Централна банка Мурат Ујсал, кого го замени поранешниот министер за финансии Наџи Агбал.

Аналитичарите се сомневаат во причината за оставката на Албајрак. Некои споменуваат дека тој добри односи со Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Се додава дека овие односи повеќе не се важни за Ердоган затоа што Трамп загуби на претседателските избори.

Албајрак е сопруг на ќерката на Ердоган, Есра, со која има четири деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе