Македонија Топ вести

Шилегов: Реконструкцијата на Универзална сала готова во 2021 година

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти.

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

– Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме после широката подршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната Сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација, изјави Шилегов.

Воедно, градоначалникот Шилегов, нагласи дека ова реконструкција не ги задоволува потребите на граѓаните на среден и долг рок.

– Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно собраќајни решение за пристап и ред други технички стандарди од ваков тип е нешто што мора да му се случи на Скопје, час по скоро, посочи Шилегов.

На овој настан присуствуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која наведе дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.

– Постојат повеќе готови проекти за изградба на нова коцертна сала. Јас сум за проектот „Јајце”, зошто да не, тоа е работен проект, подготвен. Но, исто така разгледуваме и други можности, надеве министерката Стефоска.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата на РСМ, парламентарнотот мнозинство за овој култен објект во Скопје, одвои средства во износ од 120 милиони денари.

Меѓу другото, министерката Стефоска, потсети дека Универзалната сала е изградена со финансиска помош од повеќе држави меѓу кој Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Според неа, овој објект ќе остане траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година.

Новата лага на Шилегов се вика реконструкција на Универзалната сала. Оваа негова нова шарена лага се гледа од авион. Нема пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов “мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа. За три години кое и решение оставено од Трајановски да го искористеше денес Скопје ќе имаше нова сала, велат советниците од ВМРО – ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе