Македонија Топ вести

Крахираниот софтвер на ДИК набавен противзаконски, тврди обвинителството, Дерковски вели се беше чисто, нека проверат и претходни набавки

Поради набавката на софтверот кој крахираше во изборната ноќ, обвинителството по пријава од организиран криминал на МВР поднесе пријава против претседателот на ДИК Оливер Дерковски, тројца членови на комисијата за јавни набавки во ДИК и сопственик на една фирма.

Обвинителството смета дека пријавените ги изготвувале спецификациите со фирми-учесници на тендерот, а една од фирмите што добиле јавна набавка всушност немала право да учествува на  тендери.

Фирмите спротивно на законот заработиле околу 1.250.000 денари или околу 20 илјади евра, стои во соопштението на обвинителството.

Најголем проблем е со софтверот кој бил набавен, но не бил тестиран, а кога требаше да информира за резултатите падна и не ја оствари функцијата

 Соопштение на Јавно обвинителство>

Не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка.

Во краток телефонски разговор Дерковски ни рече дека остава судот да ја тера постапката, а оцени дека набавките биле транспарентни и јавни во пресрет на изборите.

-Истрагата се изведуваше со еден циркуски упад од инспекторите во јули. Доставена им е севкупната документација на разгледување. Сега се проблематизира и набавката на три телевизори, од кои Вие новинарите требаше да се информирате на отворено поради епидемијата. Ги повикувам да ги разгледаат и претходните набавки во ДИК за што ги предупредив надлежните истражни органи, но засега нема ништо од тоа, ни изјави Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија. 

Обвинителството бара од судот на Дерковски и на останатите претставници на ДИК да им се определат мерки за обезбедување, одземање на пасоши, забрана за напуштање на градот во кој живеат, повремено јавување во суд и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

На 15-ти јули вечерта сајтот на ДИК остана блокиран и без информации, една од причините беше и тоа што сајтот беше цел на хакерски напад, за што се уште се води истрага. Резултатите се преземаа наместо преку информатички систем со усно кажување и само на едно место, на терасата во Државната изборна комисија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолското обвинителство бара продолжување на мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе