Вести Македонија Топ вести

И кожното одделение во Штип се исполни со ковид пациенти

Штипското Кожно одделение, новиот ковид оддел за пациенти со полесна клиничка слика за само неколку часа е речиси исполнет, од синоќа кога е ставен во функција пополнети се осум болнички кревети, слободни се два. Во изминатото деноноќие на Инфективното одделение немаат регистрирано починат пациент, а во него се лекуваат 52 со потешка клиничка слика, на коишто им е потребна кислородна поддршка. Телма објави дека поради изборите за градоначалник на Штип, сите здравствени институции во време на пандемија имаат проблеми со итни набавки на потребен материјал за борбата против вирусот. Болницата се соочи со расипани регулатори на боците со медицински кислород, а денеска по пат на донации се обезбедени.

Ги добивме потребните регулатори за боци за кислород. Во овој случај помогнаа општествено одговорни компании, вели Ѓеорѓијев.

Коронавирусот се шири низ истокот не само меѓу работниците во реалниот сектор, туку и меѓу вработените во општинските и државни институции. Пробиштипскиот градоначалник, Драган Анастасов е вториот функционер од Брегалничкиот регион позитивен на вирусот. Информацијата ја потврди за Телма и вели дека од петокот е во изолација со слаби симптоми, а утринава го добил резултатот. Во изолација заминуваат шестмина вработени во неговиот кабинет, а од претходната недела се двајца административци.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе