Ковид19 Македонија

Пандемијата одлага судења, услови за он лајн судење нема, сметаат од фелатa

Обвинети, тужители,  адвокати позитивни на Ковид-19 или во самоизолација поради контакт со заболен ги празнат судниците во граѓанскиот и во кривичниоте суд. Како се засилува есенскиот бран така се зголемува бројот на одложени судења.

Во последните две недели има неколку барања за одлагање. Од седум судења дневно се случува по едно барање да има поради позитивен резултат на некој од учесниците во постапката, изјави судијката од скопскиот Граѓански суд, Емилија Шопар Јованова

Последици може да се почувствуваат кај кривичните предметите кои се пред застарување. Претседателот на Кривичниот суд Џолев вели пандемијата влијае на одолголекувањето на предметите и со колегите разговарал за овој проблем. Потсетува дека за време на вонредната сосотјба со уредба беа сопрени роковите за застарување.

Бараме на некој начин оваа состојба да биде регулирана од страна на извршната власт, дали со носење на нова уредба што е тешко кога нема вонредна состојба или со донесување на друг пропис кој ќе биде ставен на рамниште на закон, рече Иван Џолев, претседател на Кривичен суд,

Он лајн судењата кои во последно време се заговараат како ефикасно решение во време на пандемија, од идеја до реализација имаат повеќе препреки. Според судиите тешко е да се реализира поради тоа што треба да се менуваат двотретински закони но и поради техничките услови.

Мислам дека во вакви услови и во една контрадикторна постапка која се одвива кај нас, особено во кривичните предмети, е многу тешко преку онлајн судење да се обезбеди веродостојност на постапката, особено имајќи ги предвид основните начела и на Законот за кривична и на Законот за парнична постапка. Мислам дека треба да се бара решение во друга насока, смета претседателот на здружението на судии Џемали Саити.

 

Треба добро е да се размисли, нешто да се измени во таа смисла за да се овозможи судење онлајн, но не за сите судења, можеби за прекршочни судења. Кривичниот суд, вели тој, има мали технички капацитети во смисла на камери, прожектори, лаптопи, но сепак, би можеле да организираат две до три онлајн судења дневно, изјави Џолев

Мерење температура, дефизнфекција, дистанца од 2 метра, провертување на судниците за да се спречи ширење на висрусот во судниците. Здружението на судии промовираше протокол за судовите во сорботка со обсе

Протоколите не се задолжителни, но сметам дека се добра основа за постапување на претседателите на судовите. Можеби тука во блиска иднина ќе постапи и Судскиот совет со некоја нивна одлука во однос на задолжителната примена, изјави Саити

Предизвик за ваквите протколите се малите судници и особено оние во кривичниот во кои нема прозорци па треба да се чуваат отвоорени вратите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе