Пред продолжението на подготовките за настап во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар 1961 организираа тестирање на екипата и по добивањето на резултатите детектирани се два нови позитивни случаи на коронавирус.
Во соопштението на клубот се истакнува дека играчите кои имаат позитивен тест немале допир со колегите од тимот и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала.
Двајцата ракометари немаат симптоми и познато е дека се заразиле од луѓе во својата непосредна близина. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот.
Согласно протоколите играчите ќе бидат во изолација, а останатите ракометари продолжуваат со тренинзите и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.