Најважни Свет

Напаѓачот бил роден во Виена, а родителите му биле од С.Македонија, тврди новинарот Кленк

Вооружениот маж кој австриската полиција го застрела во виенските напади синоќа бил 20-годишник роден и израснат во градот, кој бил познат на домашните разузнавачи затоа што бил еден од 90-те австриски исламисти кои сакале да патуваат во Сирија, изјави денеска уредникот на весникот Falter, истражувачкиот новинар Флорин Кленк.

Кленк на Твитер напиша дека убиениот е Куртин С. Е роден 2000-та година и дека имал „албански корени“, а неговите родители биле по потекло од Северна Македонија и немаат никакви врски со исламот. Полицијата сметаше дека тој не е способен да планира напад во Виена, додаде Кленк.

Полицијата соопшти дека еден од напаѓачите е убиен. Нападот се случи неколку часа пред австриските власти да ги објават новите рестрикции со кои се обидуваат да ја запрат епидемијата на коронавирусот. Улиците, рестораните и баровите во Виена биле преполни со луѓе, пред да бидат затворени до крајот на ноември, според новите мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе