Полицијата соопшти дека еден од напаѓачите е убиен. Нападот се случи неколку часа пред австриските власти да ги објават новите рестрикции со кои се обидуваат да ја запрат епидемијата на коронавирусот. Улиците, рестораните и баровите во Виена биле преполни со луѓе, пред да бидат затворени до крајот на ноември, според новите мерки.
На Twitter е објавено видео во кое се гледа апсењето на четворица терористи, но полицијата соопшти дека останатите се во бегство. Уапсени се четворица мажи.
Пред терористичкиот напад во Виена во кој беа убиени три лица, на Инстаграм се појави слика на џихадисти со многу слично оружје како виенскиот терорист.
Австриската полиција сè уште го проверува идентитетот на убиениот терорист, а Билд пренесува дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лице чија слика е објавена на Инстаграм. Според Билд, тој вчера на двајца пријатели им испратил снимка од нападот во 2015 година на Шарли Ебдо од 2015 година, кога беа убиени 12 лица.
Тој на Инстаграм објави и неколку слики на кои се заколнува на верност на водачот на терористичката Исламска држава, во некои позира со пушка и мачета, а има и слики со куп муниција. Сликите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Бакијах кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.
The moment of the criminals surrender #Vienna #ViennaAttack pic.twitter.com/UfhZOJqKdL
— Buket Uzunoğlu (@Birbuketgokyuzu) November 2, 2020
Курц: Армијата ја презема заштитата на објектите во Виена
Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа соопшти дека армијата ќе ја преземе заштитата на објектите и локациите во Виена.
За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.
Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“ и истакна дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој грозоморен терористички акт
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност од терористичките напади во Виена и посочи дека Германија е цврсто со Австрија во борбата против исламскиот тероризам.
– Во овие страшни часови, кога Виена стана цел на терористичко насилство, моите мисли се насочени кон граѓаните и безбедносните сили кои се соочуваат со опасности, напиша Меркел на Твитер.
Таа посочи дека Германците изразуваат солидарност со своите австриски пријатели.
– Борбата против исламскиот тероризам е наша заедничка борба, нагласи Меркел.
Нападите врз невини луѓе мора да престанат нагласи американскиот претседател Доналд Трамп, по повод нападот во Виена.
Тој на Твитер објави дека САД, заедно со Австрија, Франција и цела Европа, се во борба против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи.
– Нашите молитви се со граѓаните на Виена по уште еден грозоморен терористички акт во Европа. Овие напади на злото против невини луѓе мора да престанат. САД, заедно со Австрија, Франција и цела Европа, се борат против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи, напиша Трамп.