Иако се уште нема официјална потврда медиумите во Шпанија најавуваат дека утрешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Динамо Киев може да се одложи.
Украинскиот состав пред патувањето во Шпанија се соочи со огромен проблем откако при задолжителното тестирање беа откриени единаесет позитивни случаи на инфекција со коронавирус од кои шест се фудбалери, а останатите дел од помошниот персонал.
Динамо во Барселона допатува со 13 играчи кои се дел од првиот тим, а останатите шест се членови на младинската екипа.
Судбината на натпреварот зависи од резултатите на денешното тестирање и доколку уште некој од играчите е позитивен тогаш според правилникот на УЕФА мечот ќе се одложи и ќе мора да се одигра пред 28 јануари.