Во пресрет на мечот во кој Ентони Џошуа и Кубрат Пулев ќе се соочат во рингот за титулите во WBA, IBF, WBO и IBO договорен е уште еден дуел кој ќе биде вовед во битката за четирите шампионски појаси.
На 12 декември во О2 арената во Лондон пред мечот Џошуа – Пулев ќе се сретнат Британецот, Лоренс Околие и Полјакот, Кшиштоф Гловацки во меч за WBO титулата во полутешка категорија.
За 27-годишниот Околие кој настапи на Олимписките игри во Лондон ова ќе биде 15-ти меч во професионалниот ринг и ќе се обиде да ја продолжи низата на триумфи додека Гловацки, кој има 34-години во кариерата има само два порази во 33 дуели, а поуспешни од него биле само Александар Усик и Маирис Бреидис.