Вечерва се играат натпреварите од третото коло во А-Д сегментот од фудбалската Лига на шампиони.
Дербито на вечерта се игра во Мадрид каде Реал го пречекува Интер и во дуелот со најголемиот ривал во групата ќе се обиде да ја забележи првата победа во новото издание од елитното натпреварување.
Бранителот на трофејот Баерн му гостува на Салцбург додека Ливерпул ќе се соочи со Аталанта.
Денешната програма се отвора со два натпревари што се играат од 18 часот и 55 минути, а се среќаваат Локомотив Москва – Атлетико Мадрид и Шахтар – Борусија Менхенгладбах.
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ
- КОЛО
А ГРУПА
ЛОКОМОТИВ МОСКВА – АТЛЕТИКО МАДРИД 18:55 ч
САЛЦБУРГ – БАЕРН 21:00 ч
Б ГРУПА
ШАХТАР – БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ 18:55 ч
РЕАЛ МАДРИД – ИНТЕР 21:00 ч
Ц ГРУПА
ПОРТО – МАРСЕЈ 21:00 ч
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ОЛИМПИЈАКОС 21:00 ч
Д ГРУПА
АТАЛАНТА – ЛИВЕРПУЛ 21:00 ч
МИТЈИЛАНД – АЈАКС 21:00 ч