Македонија

Шумската полиција е мета на постојани напади

Голораки го ризикуваат животот за да ги бранат македонските шуми од дрвокрадци. Постојано се мета на напади, кои многу пати оставиле врз нив трајни последици. Шумските полицајци немаат пендреци и лисици, а користат дотраено и старо оружје, па има парчиња и од 1942 година. Последен  пат добиле униформа во 2009 година, пропаѓаат тендерите за набавка, сами ја купуваат од  kванташки пазари, од ловџии, од колеги во пензија или одат на терен во цивилна облека.

Ние како шумски полицајци, немаме униформа, немамe средства за присилба, оружјето кое го носиме е со сите европски конвенции  исфрлено од употреба. Незамисливо е за држава која се стреми за ЕУ еден шумски полицаец, едно овлaстено службено лице да нема средства за присилба, пендрек и лисици, вели Никола Гагоски, претседател на Незавсниот синдикат на шумската полиција.

Шумските полицајци немаат бенефициран стаж. Иако се овластени службени лица, не добиваат надомест за тоа. Платата им е 17.000 денари, а парите за прекувремена работа ги добиваат со тужби. За службата која ја извршуваат, трпат и нивните семејства.

Напаѓани сме од сите, вреѓани, омаловажувани,  закани по живот, закани по безбедноста на нашите фамилии, палени се автомобили на припадници на шумската полиција. Ние сме оставени на маргините и кој како знае и умее се спасуваме, вели  Гаговски.

Во ништо подбра позиција не е ниту судската полиција. И нивната плата е 17.000 денари, пари за прекувремената работа веќе не можат да добијат ниту со тужби. Не примаат додаток ниту за висок ризик, ниту за доверливост, иако тие пари им се исплаќаат на останатите вработени во судовите.  Судските згради ги чуваат со оружје запленето од криминалци.

И ние имаме оружје од депоата на судовите кое беше запленето, тоа ни е поделено. Секаде е различно, дури во ист суд има различно оружје, а никогаш немало ни обука за користење на тоа оружје, вели Владимир Литовски, претседател на Независниот синдикат на судската покиција.

Од независниот полициски синдикат за сите проблеми велат разговараат со секој ресорен министер што доаѓа на функција. Ветувања има, но решенија засега нема. Од синдикатот на судската полиција, токму поради ваквата состојба, најавуваат протест ако во наредните денови не седнат на заедничка маса со надлежните.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе