Од четири оддели во болницата „ 8 Септември“, на кои се хоспитализираат заразени со корона вирус, два се нови, но капацитетот на слободни кревети е скоро целосно пополнет, вели директорот Христијан Костов
Од 80 кревети, 79 се веќе пополнети со пациенти. Секогаш оставаме едно или две слободни места за најтешко болните од Ковид- 19. Од синоќа до утрово извршивме исто така 80 прегледи на пациенти кои се жалеа на симптоми од корона вирус, вели костов.
Иако не почнал официлано да работи како нов Ковид центар, на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, од почетокот на викендот се примени првите заболени од корона вирус.
На ИБЗТ при Клиничкиот центар , од петокот вечерта овдека се хоспитализирани двајца заболени со Ковид- 19, вели за Телма директорот Арбен Љубеништа. Според него, тие ќе почнат да функиционираат официјално како Ковид центар, откако со помош на Министерството за здравство , ќе добијат повеќе кислородни концентратори , зашто за сега, за потребите на заболените од Ковид, располагаат со 10 вакви апарати.
Сончевиот неделен ден, граѓаните го искористија за прошетки и престој во Градскиот парк. Главнината од нив носат заштитини маски, но има и поединци кои не ја почитуваат оваа мерка, па полицијата, која ја затекнавме на терен, изрекува казни.
Владата и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски. Целта е, како што велат, подигање на свеста дека носењето маски на отворен и затворен простор низ цела Европа, е најсигурен начин за заштита од корона вирусот. А, пред аптеките граѓаните во ред и со дистанца чекаат да влезат. Велат, купуваат редовни терапии, но и оксиметри , за мерење на кислородот во крвта.
Аптекарите не се расположени за изјави, но потврдуваат дека се купува Сумамед, кој го даваат само со рецепт и дека поради пандемијата има зголемен интерес за витамини и за други лекови.
Сотир Трајков