Општините од истокот кубурат со градежни инспектори, затоа на терен повторно се гради на диво и се узурпира државно земјиште. Кочани нема градежен инспектор, едниот е на боледување, а вториот поради здравствени проблеми е распределен на друго работно место. На општинскиот оглас не се јавува никој за вработување. Ваквата состојба им даде слобода на неколку компании да си узурпираат државно земјиште околу нивните дворови. Општината реагирала, но добиле одговор дека постапката треба да ја води правобранителот.
Штип изминатите години беше лидер по легализирани дивоградби, оваа година регистрале 50 нови, а лани 64. Двајцата штипските градежни инспектори на терен работата и во малата општина Карбинци, каде што нема ниту еден.
Локалните власти не можат да објаснат зошто на нивните огласи за урување на дивоградби ниту една фирма не се јавува, каков што беше примерот и со Мавровка, па мораше да интервенира државата. Во меѓувреме новиот Закон за легализација на дивоградбите повторно се врати во Собрание, минатиот месец. Државниот завод за статистика врз основа на податоците од општините има регистрирано близу 1.000 нови дивоградби во државата
Викторија Димитрова Јованова