Македонија Топ вести

Османи: Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат за средба со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот на ЕУ да донесе одлука, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со неговата бугарска колешка.

Веројатно ќе има средба уште идната недела, но, посочи тој, се уште е рано да се каже за форматот и местото.

– Се обидуваме да најдеме начин да се видиме. Сигурно, да не беше пандемијата досега ќе се гледавме неколку пати, иако ние сме во постојана комуникација со министерката. Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот да донесе одлука, изјави Османи.

Во однос на коментарите дека САД го напуштиле Балканот, Османи рече дека Република Северна Македонија била и останала пример како, кога САД и ЕУ соработуваат во надминување на разликите и проблемите во регионот се постигнува исклучутелна синергија во надминување на проблемите.

– САД и сега се ангажирани во склоп на меѓународната заедница да го олеснат овој дијалог, но нормално дека ова е билатерално прашање, кое се развива во склоп на Договорот потпишан меѓу двете земји во 2017 година, кој јасно ги предвидува механизмите за надминување на разликите. Ние сме во постојан контакт со претставниците на САД, како што сме во постојан контакт и со претставниците на ЕУ и тие се ангажирани и во оваа ситуација, како што секогаш биле ангажирани во надминување на проблемите кај нас, изјави Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вашингтон соопшти: Постигнат е трговски договор со Кина

Дејан Дејан

Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот

Дејан Дејан

Полицајците излегуваат на протест – бараат повисоки плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе