Вести Свет

Корона-вирусот продолжува да коси низ Европа

Две од најголемите европски економии се одлучија за мерката карантин, додека континентот се бори со новито ковид бран, налик на цунами, кој секојдневно одзема животи.

Од петок, Франција е под клуч. На луѓето ќе им биде дозволено да го напуштат домот само за одење на работа и ако треба да одат на доктор. Училиштата и градинките остануваат отворени, но се друго се затвора. Сите мерки кои до сега ги презеде Франција за да се намали бројот на заболени, едноставно не делуваа. На докторите им олесна оваа одлука, а граѓаните денеска ги почнаа подготовките.

Но, ако минуваме низ ова, мора да ја играме играта. Мора да излезема од оваа вирус –криза.

 

Секогаш е ограничување, се разбира. Но, тоа е ограничување што е потребно, и тоа од здравствени причини.

Карантинот ќе трае до 1-ви декември, но можно е да се продолжи се додека дневниот биланс не биде под пет илјади инфицирани.

Германија се одлучи на малку помека варијанта од карантинот. Од понеделник се затораат баровите, рестораните, кината , театрите и кетеринг службите, а социјализацијата ќе биде ограничена на две домаќинства. Мерката ќе трае цел ноември. Ситуацијата е драматична, предупреди денеска Меркел.

Зимата ќе биде тешка, 4 долги и тешки месеци. Но, ќе завршат. Видовме како во изминативе 8 месеци научивме да си помагаме. Тоа е она по што се разликува нашето општество.

 

Системот на слободно движење за сите, со цел да се добие колективен имунитет, во Шведска повеќе не делува. Од саботата, докторите јавуваат дека имаат полни раце работСитуацијата станува сериозна, предупредуваат.

Сега сме во момент „кога волкот доаѓа“. Ако ги следиме мерките, можеби нема да се влоши толку многу ситуацијата, или нема да го оптовари здравствениот систем, како и домовите за стари лица. Сега е сериозно.

Во Европа, Чешка останува жариштето. Во земјата е воведен полициски час, и веќе неколку дена бројот на заболени се намалува. Белгија е веќе во критична ситуација. Болниците се преполни, а докторите кои се позитивни на ковид, а немаат симтпоми се замолени да се вратат и да помогнат на колегите. Италија и Шпанија прават се што можат за да избегнат карантин.

И Балканот урива рекорди. Босна јавува за 2000 нови и 21 починати. Во Словенија веќе секој трет е позитивен, а властите размислуваат за продолжување на мерките. Хрватска е со нов црн биланс од 18 починати. Драматичниот втор бран во цела Европа здравствените експрети го препишуваат на неконтролираните патувања за време на летото, кое траеше и во текот на топлиот септември.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе