Вести Македонија Најважни

Драматична состојба со исполнетост на болнички капацитети, на помош се викаат приватни интернисти

Само уште неколку празни кревети има во модуларната болница на Инфективна клиника во Скопје. Поради исполнетост на капацитетите се приспособува кожното одделение и пулмологија за прием на ковид пациенти во рамки на клиничкиот центар. Во Скопје, болницата Козле е на готовс, а дополнителни кревети се обезбедуваат и во болницата „8 -ми спетември“.

Во внатрешноста пак се подготвени интерните одделенија, бидејќи и тамошните инфективни веќе се пополнија. И покрај ваквата состојба по Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, министерот за здравство Венко Филипче вели дека системот се подготвува за напливот на пациенти.

На помош сега се бараат и приватните интернисти од земјава.

Во разговор за Телма претседателот на здружението на интернисти Александар Манолев вели дека клучен ќе биде утрешниот состанок кој е закажан со Министерот, а на кој тие бараат да присуствува и преставник на Фондот за здравство. Манолев вели дека се очекува да се зборува за деталите како би се организирале, бидејќи начелно постои расположение кај интернистите да помогнат. Еден од предизвиците за кои ќе се говори е и пациентите кои тие ги имаат и начинот на кој ќе се лекуваат.

Инаку здравствениот систем се наоѓа во вонредна состојба уште од почетокот на февруари, а системот на ротација на сестрите и лекарите ќе продолжи и понатаму. Во внатрешноста, болниците веќе се во подготвителна фаза за оспособување на просторот.

Деновиве земјава ги достигнува рекордите во новозаразени, со вчерашната највисока бројка од 870. Бројот и на починати речиси секојдневно се движи околу 15, а властите причината ја гледаат токму во доаѓањето доцна на болничко лекување.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе