Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2 647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 292 пациенити и починати се 14 пациенти.
Tројца починати пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови, соопшти МЗ. Најмладата жртва од денешниот биланс е 51-годишен жител на Скопје.
Процентот на позитивни од тестирани е меѓу највисоките досега и изнесува 32,87% (секој трет тестиран е позотивен), а според веб страницата Covid-19.treker. mk денеска се урнати два црни рекорди, првпат бројот заболени е толку висок и е 220 повисок од досегашниот најтежок биланс (870 заболени пациенти). Се качува и бројот на активни случаи, во моментот изнесува 7963.
Најмногу нови случаи има во Скопје, речиси половина односно 422-ца. Најмногу активни случаи има во главниот град 3828, што исто така е рекорд.
По општини прва е Аеродром со уште еден рекорд, најмногу активни случаи во една општина досега.
Активни случаи по општини, Скопје:
- Аеродром – 710
- Карпош – 580
- Центар – 535
- Гази Баба – 492
- Кисела Вода – 467
- Ѓорче Петров – 324
- Бутел- 186
- Чаир – 180
- Илинден – 66
- Сопиште – 35
- Шуто Оризари – 35
- Сарај – 29
- Петровец –24
- Чучер Сандево – 20
- Студеничани – 14
- Зелениково -10
- Арачиново – 8
- странци – 22
- 91 нераспределен.
Од новите случаи, по рекордот на Скопје, следи Тетово исто така со нов дневен рекорд од 64 нови случаи, Велес со 38, Битола со 29, Куманово и Прилеп по 28, Охрид со 26, Штип-25, Дебар и Струга по 10, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55 (нов општински дневен рекорд), Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, Неготино-8.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 12363, активни 3828; Куманово 2189, активни 348; Дебар 331, активни 53; Штип 1597, активни 227; Прилеп 1172, активни 366; Тетово 2030, активни 451; Струга 807, активни 98; Велес 586, активни 212; Битола 606, активни 219; Охрид 658, активни 200; Кавадарци 447, активни 177; Гостивар 1145, активни 165; Гевгелија 345, активни 168 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани); Струмица 817, активни 458; Крива Паланка 218, активни 71; Радовиш 217, активни 79; Крушево 23, активни 3; Кочани 661, активни 195; Пробиштип 172, активни 38; Демир Хисар 77, активни 15; Македонски Брод 103, активни 7; Пехчево 57, активни 6; Берово 198, активни 45; Валандово 95, активни 33; Виница 165, активни 55; Делчево 237, активни 106 (54 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица); Кратово 40, активни 11; Свети Николе 462, активни 70; Кичево 514, активни 136; Ресен 235, активни 59 и Неготино 130, активни 64 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Регистрирани се 292 оздравени пациенти, најмногу од Скопје- 142-ца.
Во болнички услови се лекуваат (и државни и приватни клиники) 689 пациенти, што според ковидтрекер е за 3% помалку од вчера.