Вести Свет

Новата врховна судијка во САД вети дека ќе работи непристрасно

Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“. Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која им се придружила на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјавила дека не може да го даде својот глас за Берет, имајќи предвид колку се блиску следните претседателски избори. Ниту еден друг судија на Врховниот суд досега, во изминатите 150 години, не е потврден, а да не освоил ниту еден глас на малцинската партија.

Берет е трет судија во деветчлениот суд, која е номинирана од американскиот претседател Доналд Трамп и значително го поместува идеолошкиот баланс кон конзервативното мнозинство од шест наспроти три.

Кандидатката на Трамп, која го пополни испразнетото место поради смртта на Рут Бејдер Гинзберг, потенцијално отвора нова ера на пресуди за абортусот, Законот за попристапна здравствена заштита, познат како „Обамакер“, па дури и изборите.

Берет положи заклетва,  а потоа изјави дека преку „ригорозниот процес на потврда“ научила дека „работата на судијата е да се спротивстави на своите политички преференции“. Вети дека ќе работи „без страв и непристрасно“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе