Вести Свет Топ вести

Не делуваат мерките против корона вирусот во Европа

Се влошува ситуацијата со пандемијата и во европските земји. Шпанија, донесе одлука за вонредна состојба на национално ниво. Драстичните мерки, како полициските часови, ќе треба да ги воведуваат регионалните власти. Ситуацијата во земјата станува сериозна, откако бројката на новозаразени надмина еден милион случаи по почетокот на пандемијата, а починаа 35 000 луѓе. голем дел од граѓаните се согласија да ја прифатат новата мерка.

Мислам дека е неоходно, потребно е ако работите се толку лоши, мора да се преземат мерки. Мислам дека е добро. Ако не сакаат да не стават во целосен карантин, ова е добар начин.

Веќе воведените мерки во Италија, не дадоа резултат. Од денеска се воведуваат нови – баровите и рестораните ќе работат до 18 часот, но ќе можат да доставуваат храна. Од денеска нема одење во фитнес центри, на кино и на базен. Иако е висока цена на целосното затворање на економијата, владата во Рим најави дека не сака да го врати на сила карантинот од првата фаза на кризата, но мора да има нови мерки. За разлика од шпанците, италијаните, посебно сопствениците на баровите се вознемирени.

Нема да можеме да ги поднесеме трошоците што ги имаме и сега. Со тоа што луѓето се на работа за време на ручекот, имаме многу малку клиенти. Сега ќе мора да затвораме во 6 попладне, значи нема да ја работиме вечерната смена. Ќе имаме големи трошоци, а речиси нула добивка. Ќе биде катастрофа, ако не ни помогнат, ресторанските бизниси во Милано ќе изумрат.

Франција иако е во полициски час кој почнува од 21 часот, сепак мерката како да не ги дава посакуваните резултати. Вчера имаше највисок дневен биланс на заболени. 52 илјади. Тука бројот на заболени одамна надмина еден милион.  Според најновот истражување на – полицискиот час го одобруваат 71 процент, од испитаниците. Но, најголем дел од нив биле повозрасните луѓе.

Австралиската сојузна држава Викторија, посебно градот Мелбурн , излегуваат од карантинот, откако викендов немаше ниту еден случај. Премиерот најави полека враќање во нормала, и им заблагодари на сите што издржаа.

Сега е време да се заблагодариме на секое семејство во Викторија што беа водени од податоците, науката и докторите, не дозволувајќи да надвладее фрустрацијата, и што бевме еднакви кон овој изопачен непријател.

 Иако европските земји прават се што можат да го избегнат карантинот, сепак како мерка, полека се докажува дека е најделотворна. Како уште една делотворна мерка веројатно е и масовното тестирање. Кина тоа најдобро го докажува, откако петмилионски град е истетстиран по појава на само еден асимптоматски слуачај. Резултатите покажае дека сепак се појавиле 138 позтивни но без симптоми.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе