Економија

Надлежните да утврдат дали фабриката за хартија „Пејпер мил“ работи согласно еколошките стандарди

Првиот човек на општина Кочани, Николчо Илијев бара од министерството за животна средина и државниот инспекторат да утврдат дали фабриката за хартија „Пејпер мил“ работи согласно еколошките стандарди. Граѓанските активисти и жителите на Кочани неколкупати протестираа и бараат од надлежните институции да се реши проблемот со загадувањето на воздухот, но и водата.

Општина Кочани бара од Државниот инспекторат за животна средина да утврди дали фабриката за хартија Пејпер мил ги почитува стандардите за работа, согласно А интегрираната дозвола. Од локалната власт сметаат дека чадот, кој излегува од фабричкиот оџак не е од користење на метан за загревање на котелот, туку се користат пелети. Обврски на оваа фабрика е да има и пречистителна станица.

Фабриката пејпер мил имала обврски пречистителната станица за отпадни води да ја изгради до 2019 година, но досега тоа не го направила. Илијев бара одговорност и реакција од државниот инспекторат за животна средина.

Ана Петревска пред неколку дена е назначена за нов дитректор на Државниот инспекторат за животна средина. За Телма вели  дека штом и официјално стапи на функцијата разрешувањето на случајот со „Пајпер мил“ ќе биде еден од приоритетите.

„Едно е на хартија друго е во реалноста, ние ќе направиме вонреден инспекциски надзор за да ги утврдиме фактите и ќе постапиме по претставката од Општина Кочани“, вели Ана Петровска, новата директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Изминатите години министерството за животна средина и инспекторатот неколкупати правеа вонредни инспекциски контроли на фабриката, којашто според жителите на Кочани им го загадува воздухот, но и водата, која се испушта од овој погон. Граѓанските активисти и жителите на Кочани неколкупати протестираа пред фабриката, барајќи да ги почитува еколошките стандарди.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе