Нема решение меѓу македонските и бугарските историчари за заедничко чествување на Гоце Делчев. Прашањето за идентитетот на Гоце Делчев останува клучната пречка за Комисијата да го затвори ова прашање. Ова го соопштија и македонскиот и бугарскиот копретседавач на Комисијата.
„Сега за сега тоа е главниот проблем кој останува се уште пречка за сопнување да се постигне некое заедничко мислење за Гоце Делчев“, изјави драги Ѓоргиев, македонски копретседавач на Комисија за историски прашања.
„Идентитетот на Гоце Делчев го формирал самиот тој, а не ние. Тоа не е наша работа. Тоа тој го определеил и е таков каков што е, како што е неговото семејство, каква што била средината во која се формирал како личност. Тоа е идентитетот“, изјави Ангел Димитров, бугарски копретседавач на Комисија за историски прашања.
Дводневната средба поминала во интензивни разговори меѓу двете страни при што биле дадени нови предлози и идеи по прашањето на Делчев, кои како што рече Ѓоргиев, се основа за продолжување на разговорите понатаму, но без да открива кои се предлозите. Димитров пак дводневните разговори, но и оние за Делчев ги спореди со денешното време – облачно со дожед, но со повремено сонце, што според него сепак претставува мал исчекор напред.
Ако за Гоце Делчев не е постигнат напредок, има поместување околу историските учебници, како за учебникот за шесто одделение во Бугарија, а постигнат е заеднички заклучок и за 14 забелешки од бугарска страна на македонските учебници. Сите се однесуваат на средновековието.
Денеска било отворено и прашањето за Св. Кирил и Методиј кое се актуелизираше минатата недела откако бугарското собрание во прво читање усвои дека тие не се сесловенски просветители туку бугарски. Димитров даде свое толкување на тоа.
„Никој во Бугарија нема кажано дека браќата Св.Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа не е кажано… Не заборавајте дека делото на светите браќа е глаголицата, а т.н. кирилица, за кое има и научни работи кои се многу посложни, е создадена во бугарската држава“, изјави Димитров.
Ѓоргиев пак вели дека по прашање на Св. Кирил и Методиј е постигната согалсност во Комисијата.
„Имаме тиука согласнот и ние усогласивме став дека тие се сесловенски и христијански просветители и тука нема никаква дилема. Зад тој текст стоојат и колегите од Бугарија и тоа е текст кој јас верувам дека наскоро ќе бдие објавен во јавноста“, изјави Ѓоргиев.
Непостигнувањето на договор за Гоце Делчев можно е да ја активира најавената блокада од страна на бугарската влада за старт на преговорите на земјава со ЕУ, која 10 ноември го постави како рок за постигнување на напредок во историските прашања. Ѓоргиев на ова гледаат како на притисок.
„Ставањето на Комисијата на врвот од овој договор меѓу Македонија и Бугарија според мене е контрапродуктивно за работата на Комисијата“, е ставот на Ѓоргиев.
Димитров пак вели дека политичарите одамна се вклучиле во дебатата на историчарите, но оти на Комисијата не треба да и се поставуваат рокови. Сепак, запрашан што ќе одговори во Софија на прашањето дали постигнале напредок за да и се даде зелено светло на Македонија за ЕУ, Димитров одговори дека ќе му биде тешко да даде позитивен одговор.
„Ќе ми биде многу тешко да дадам позитивен одговор. Ќе го раскажам тоа што се случи, оценката останува на луѓето кои очекуваат да сфатат што станало. Конкретно што сме зборувале. Ние сме конкретни и одговорни луѓе“, рече Димитров.
Македонските и бугарскиот историчари разговорите ги завршија и со договор да се видат уште еднаш до крајот на годината, најверојатно во декември, а за идната година договорија одржување на пет средби. По средбата за изјавите на македонските и бугарските историчари немаше превод.
Тамара Грнчароска