Ковид19 Македонија Топ вести

Двомесечно бебе од Битола позитивно на Ковид-19

Двомесечно бебе од Битола е позитивно на Ковид-19, а се заразило од бабата која живее во друг град. Бебето е со лесна клиничка слика и е под надзор на матичниот педијатар, информираат од Министерство за здравство.

Исто така, позитивна на вирусот е и мајката на бебето. Ова досега е најмладиот пациент во Битола заболен од Ковид-19. Во август, позитивно беше и тримесечно бебе, а во моментот болеста е во тек и кај тригодишно дете.

Во Битола од почетокот на пандемијата до денес 388 лица се заразиле од вирусот, а болеста е во тек кај 105 битолчани. Починале 13 лица.

Иако Битола е еден од градовите каде нема високи бројки на заболени, сепак во последната недела има пораст, а вчера е регистриран дневниот рекорд од 12 позитивни.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

ИНЖЕНЕРИ: Владата озаконува паушални фактури за струја

Дејан Дејан

Укинат куќниот притвор за екс директорите на ДПИ, добија мерки на претпазливост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе