Ковид19 Македонија Најважни

Во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар уште 22 првачиња во изолација

Во две паралелки од основното училиште „Гоце Делчев“ во изолација се уште 22 првачиња, покрај 17-те други за кои беше соопштено вчера.

Општина Центар информира дека мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, детето го носела на настава.

Општина Центар во соопштението остро го осуди неодгворното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира вработената.

Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците, изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Општината соопшти дека презела сите мерки за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените препораки и протоколите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе