Ковид19 Македонија Најважни

53 ученици и осум наставници се во изолација

Две одделија од основното училиште Гоце Делчев во Центар се во изолација. Уште 22 деца позитивниот тест на нивните наставнички ги испрати дома. Вчера во ова училиште решение за изолација добија 17 првачиња , па така денеска вкупниот број се искачи на 39. Родителите кои ги затекнавме во школскиот двор не сакаа да коментираат пред нашаата камера, велат исплашени што кроона вирусот влезе во училиштето во кое учат нивните деца. Од утрово пак општина Центар и директорката на Гоце Делчев, Молеровиќ со различен став. Градоналникот Саша Богдановиќ, вели дека наставничката која е позитивна на Ковид-19 и покрај тоа што имала симптоми го носела своето дете на училиште, тој разговарал со директорката и вели дека се испитува случајот.

Директорка на Гоце Делчев, Молеровиќ пак воп телефонски разговор за Телма вели дека наставничка на работа не оди од минатиот петок , а веднаш штом добила симптомви престанала да иде на работа и да го пушта своето дете на настава , затоа што имале позитивен на корона во семеjството, вели Богдановиќ.

А инаку како што соопшти МОН, од стартот на учебната година до сега во изолација се вкупно, 6 од наставниците не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Од вчера вечерта во изолација се 10 ученици од Радовиш, откако нивен соученик е позитивен на  Ковид-19. Засега во ова училиште нема наставници кои се заболени или во изолација. А, позитивни на корона се и три основци, од Штип, Кочани и Тетово.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе