Вести Македонија

Што кријат решенијата на Иванов за Стразбург-аболицијата, фалат осудени, а помилувани биле никогаш обвинети функционери

Најдолго осудениот во предметите на СЈО, Ѓоко Поповски од МВР воопшто го нема во листата аболирани од поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Затоа двајцата што со него ја делеа обвинителната клупа за случајот Тенк, екс-министерката Гордана Јанкуловска и поранешниот премиер Никола Груевски биле аболирани 13 односно 7 пати.

Интересно е што Јанкуловска и Груевски не се заедно во ниту една објава  во Службениот весник што значи или дека за предемтот Тенк воопшто не се аболирани или пак предметот е составен од два други аболирани предмети. Еве што содржат решенијата за аболицијата.

За секое помилување претходниот претседател Ѓорге Иванов потпишал по едно поединечно решение за аболиција. Во архивите на претседателскиот кабинет останале вкупно 111 решенија за 56-мина аболирани, а Телма дојде до сите нив. Спорната аболиција која предизвика протести и подоцна повлекување на помилувањето се состои од три различни типови на случаи споменати во аболициите.

Првиот тип се отворени предмети со ознака РО кои почнале во основните обвинителства, а потоа се префрлиле во СЈО. Тоа се предмети кои не мрднале од почетна точка во скопското или во обвинителството  за гонење организиран криминал и останале на поднесена приватна кривична пријава од правниот тим на СДСМ.

Пример за таков тип на аболиција е ова решение за Миле Јанакиески каде Иванов одеднаш со еден потпис го аболирал за две предистраги во две различни обвинителства. Иако не биле стартувани со истрага во регуларното, Иванов пред да почне истрага СЈО го осолободил од гонење функционерот.

Вториот тип се предмети отворени директно од СЈО, со ознака НСК-КО, а за предметот Тврдина има побарано и претреси на три локации. Информациите за претресите се знаат само во кривичниот суд.

Пример е ова решение за Тврдина, кое помина во грчкиот Врховен суд, а со него е аболиран бегалецот Горан Грујевски, долгогодишен  началник на 5-тата Управа во УБК.

Третиот тип на аболиции се однесуваат на вработените во УБК кои беа судени во случајот Пуч како и на три обвинителки во СЈО. Во списокот е уфрлен и сопругот на Шекеринска кој е аболиран за дело за кое не е надлежно ниту било во СЈО.

Десетмина од аболираните се веќе на суд во Стразбур, нивната претставка е прифатена, а сега државата треба да прати одговор. Надлежниот министер не открива детали.

-Не би ги изнесувал детално аргументите, ниту стратегијата на нашата позиција пред судот. Ние сме во една почетна деликатна фаза и секое изјаснување јавно на влади, на кој било владин претставник може да има последици во натамошната постапка. Затоа без да ги загрозам интересите на нашата држава во постапката би кажал дека ние работиме на случајот, ги разгледуваме и ги подготвуваме нашите аргументи и нашата стратегија за доследна борба за владеење на правото и правната држава, истакна Бојан Маричиќ, министер за правда.  ПРАВДА

Адвокатите кои ги застапуваат десетмината обвинети и осудени кои сега се на Стразбур тврдат дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече, додека спротивно толкување е дека членот по кој Иванов ја извел аболицијата воопшто не постоел во македонскиот правен поредок по претходно бришење со измена.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хамас: Почнаа нови преговори за прекин на огнот

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Експерти: Најавените милијарди може да ја придвижат економијата на државата ако паметно се искористат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе