Вести Македонија

Скапо-платените кинески палми кои замрзнаа фатени во мрежата на акцијата Рибар

Го уапсија за фиктивни палми, но не за палмите садени во акцијата Засади Дрво. Во акцијата Рибар е уапсен и сопственикот на фирмата која ги увезуваше кинеските палми кои се садеа по скопје и во други градови низ Македонија во акцијата Засади Дрво, потврдија од Финансиската полиција за Телма.

Оттаму велат „дека кривичното дело за кое се товари приведеното лице во акцијата ,,Рибар ,, не се однесува за конкретната набавка на палми за акцијата Засади дрво, туку  за фиктивна набавка на  хортикултурни растенија меѓу кои се набавени и  палми.“ За набавката на државни палми поради прескапите цени (се движеле и до 1000% поскапо од набавната цена), финансиската полиција веќе поднесе кривична пријава, но истрагата не е уште завршена.

Осомничениот увозник на палми ги извлекувал парите од тендери преку фиктивни фирми формирани од социјално загрозени лица за надомест од по стотина евра.Тие ги ваделе парите во кеш и му ги враќале назад.

Се проверува и дали тие пари се исплаќани како мито кон државни и локални функционери кои спроведувале тендери за набавки на растенија и дрвја (меѓу нив и палмите).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе