Македонија

Викенд без ДДВ –за опозицијата задоцнета мерка, за власта инјекција за стопанството

Опозицијата ја поддржува идејата за викенд без ДДВ, но бара поширок опфат. Со двата амандмани кои беа одбиени во комисиската расправа, бараа наместо еден, четири викенди без ДДВ, во месеците ноември, декември, јануари и февруари.

Социјалдемократите ја бранат мерката со фактот што ќе можат да ја искористат голем број на лица, корисници на мерката Мој ДДВ и можноста да се оствари висок промет.

Со повеќе викенди без ДДВ, велат од опозицијата, нема да се ризикуваат турканици пред продавниците среде корона, а и куповната моќ на граѓаните е толку ниска, што нема да можат да го купат тоа што им е неопходно токму овој викенд.

За СДСМ, наоѓањето на маани на законот е непотребно, затоа што мерката е помош и за стопанството.

“Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четврт сет на владините антикризни мерки. 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе