Вести Македонија

Уставниот суд се уште без одлука по иницијативата за оценување на законот за помилување од 2016

Уставниот суд на денешната седница не донел одлука по иницијативата за оценување на  законот за помилување од 2016 врз основа на кој поранешниот претседател Иванов ги поништи одлуките за аболиција на над 50 поранешни функционери. Овој предмет беше ставен на дневниот ред меѓу предлозите за одлучување на денешната седницата, но точката била одложена на барање на дел од судиите, потврди за Телма преседателот на судот Сали Мурати

-Се одложи на барање на дел од судиите. Новиот судија известител во предметот кој влезе на местото на судијата чиј мандат му истече, предложи запирање на постапката поради што дел од судиите побараа дополнитлено време за анализа. На некоја од наредните седници овој предмет ќе биде ставен за дискусија и одлучување, ни изјави Мурати. Според него коинциденција е тоа што оваа точка по подолго врме е ставена на дневен ред токму во период кога помилувањата на Иванов се вратија во фокусот на јавноста поради постпаките на 10 мината поранешни функционери кои ја тужат државата во Стразбур.

Во ноември минатата година Уставен суд со мнозинство поведе постапка по иницијативата за укинување на овој закон што во јавноста беше протолкувано дека судот сака да го укине и да ги спаси обвнетите во предметите  на СЈО.

По отворање на постапка, судот може да го поништи закаонот,  да се укине или да ја запре постапката. Судијата известител предложил запирање на постапката и сега зависи од ставовите на остантите судии како ќе гласаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе