Вести Македонија

Идните амбасадори се претставија пред пратениците

Неколку месеци по приемот во НАТО, Северна Македонија ќе испрати амбасадор и шеф на мисијата во Брисел. Дане Талески беше утврден како предлог на Владата, во договор со претседателот Пендаровски, уште во декември минатата година. Претставувањето на платформата за дипломатските активности во собраниската Комисија за надворешна политика се одржа дури денеска. Покрај Талески, ова финиширање на постапката за назначување амбасадор, во Собранието ја поминаа и Фатон Бејта, кој ќе биде амбасадор во Данска, Шабан Јашари во Катар и Теута Агаи-Демјаха, во мисијата на Обединетите нации во Женева.

Претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски, вели дека со неназначувањето амбасадори со години, државата пропушта можности за соработка, а во дипломатскиот свет, тоа е израз на непочитување.

Милошоски потенцира дека неколку години немаме амбасадор во Пекинг, Москва, Рим, Њу Делхи, Хрватска, Израел, Турција, Египет, Бразил, Обединети нации. Од власта го потсетуваат дека одолговлекуваше лично тој, кој и во минатиот парламентарен состав претседаваше со Комисијата.

Мираковска вели дека власта има намера да ги пополни сите амбасадорски позиции. Комисијата деновиве ќе разгледа  уште 12 предлози за амбасадори во Грција, Албанија, Казахстан, Приштина, Светата Столица, Прага, Јапонија, Стразбур, Белград, Канбера, Холандија и во Естонија. Откако кандидатот за амбасадор ќе добие агреман, треба да ја мине и последната фаза: указ од претседателот на државата и акредитивно писмо, како и параф од министерот, по што, амбасадорот ја презема должноста во рок од 30 дена.

 

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе