Осуденик заразен со корона вирус, стави во изолација девет затвореници и еден вработен во штипскиот затвор. Лекарот, стоматологот, и медицинскиот техничар од затворската амуланта денеска и утре ќе мора да се тестираат.
По првиот регистриран случај на ковид 19 меѓу затворениците, во затворот денеска се вршела темелна дезинфекција. Директорот, Мики Тодоров за Телма вели дека за сега, епидемиолозите не знаат како вирусот влегол во полуотвореното одделение, каде што бил сместен осуденикот. Има две опции. Едната е дека се заразил при контакт со вработен, кој минатата недела бил регистриран како позитивен или пак од друг затвореник, кој минатите денови бил на викенд дома.
Меѓу 13-те новозаразени во штипскиот регион се лекар и болничар, кои работеле на инфективното одделение. За сега таму во изолација е ставен уште еден лекар, а утре ќе се знае дали и колкав број здравствен персонал во болницата ќе се изолираат.