Вести Македонија

Осуденик заразен со корона вирус, стави во изолација девет затвореници и еден вработен во штипскиот затвор

Осуденик заразен со корона вирус, стави во изолација девет затвореници и еден вработен во штипскиот затвор. Лекарот, стоматологот, и медицинскиот техничар од затворската амуланта  денеска и утре ќе мора да се тестираат.

По првиот регистриран случај на ковид 19 меѓу затворениците, во затворот денеска се вршела темелна дезинфекција. Директорот, Мики Тодоров за Телма вели дека за сега, епидемиолозите не знаат како вирусот влегол во полуотвореното одделение, каде што бил сместен осуденикот. Има две опции. Едната е дека се заразил при контакт со вработен, кој минатата недела бил регистриран како позитивен или пак од друг затвореник, кој минатите денови бил на викенд дома.

Меѓу 13-те новозаразени во штипскиот регион се лекар и болничар, кои работеле на инфективното одделение. За сега таму во изолација е ставен уште еден лекар, а утре ќе се знае дали и колкав број здравствен персонал во болницата ќе се изолираат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе