Вести Македонија Топ вести

Естрадата и угостителите со улитматиум од 48 часа за повлекување на последниот сет превентивни мерки

Ултиматум од 48 часа за укинување на новиот сет на превентивни мерки со кои им се ограничува работењето испорачаа угостителите и естрадните ументици на денешниот протест пред Владата. Од кабинетот на премиерот експресно со покана за средбна во петок, на истекот од ултиматумот.

Финансиска поддршка и нови протоколи се двете клучни барања кои ги имаат естрадните уметници. Сметаат дека надлежните немаат слух за нив а револтот е се поголем бидејќи наместо да се лоцираат прекршителите и да се казнат вината за рапидниот раст се префрла на нив.

Дискотеките и ноќните клубови се на работ на финансиски колапс велат сопствениците. Седум месеци се затворени а овој пат се изоставени и од финансиска помош. Велат дека доколку мерките останата на сила и тие не ги отклучат вратите, 90 отсто од нив ќе мора да ги згаснат своите бизниси. Тврдат дека нивните објекти се безбедни.

Протокол за организирање на настани е тоа што го бараат сопствениците на ресторани за свадби со што тие повторно би почнале со работа и би се спречиле свадбите во приватна режија без протоколи.

Новиот сет на превентивни мерки кој го усвои Владата предвидува забрана на настапи на музичари, групи и ди џеи, забрана за работи на дискотеките и ноќните клубови како и рестораните за свадби како и намалување на бројот на гости во локалите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе