Македонија Топ вести

Дипломатска офанзива за надминување на разликите со Бугарија

Во насока за изнаоѓање решение на последните несогласувања, кои настанаа по објавувањето на бугарскиот појаснувачки меморандум испратен до земјите-членки на Европската унија, со кој се проблематизираат македонскиот јазик и македонската нација, ќе следува дипломатска офанзива за надминување на разликите со Бугарија.

Во посета на Бугарија заминуваат премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Бујар Османи на средби со нивните бугарски колеги, Бојко Борисов и Екатерина Захариева.

Османи в петок оди во Софија на прва средба со Захариева.

Гоце Делчев ќе биде една од темите на разговор на средбата, која премиерот Заев ја најави со неговиот бугарскиот колега Борисов, а која треба да се реализира во Софија на почетокот на следниот месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе