Македонија Топ вести

МОН: Околу 80 отсто од учениците успешно следат онлајн настава

Од почетокот на учебната година, бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10 отсто, информираат од Министерството за образование и наука.

-За неполна недела околу 80 проценти од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат – лошата интернет конекција или немањето уреди. Министерството за образование и наука е во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици, информираат од Министерството.

Како што истакнуваат од МОН, моделот за онлајн настава се покажа како функционален и успешен, а наставниците и учениците се задоволни од тоа како се одвива наставата од далечина.

-Апелираме до сите оние кои ја бојкотираат наставата дека секој изгубен ден од учењето е на директна штета на децата. Сите ученици мора да ја почнат учебната година и најважно од сè е образовниот процес да продолжи, велат од МОН.

Од Министерството информираат дека над 98 проценти од учениците од 1-3 одделение следат настава со физичко присуство во училиштата, а нешто помалку од два процента учат од далечина. За учениците кои немаат уреди за онлајн учење, а сепак треба да учат на далечина успешно се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија.

Исто така, наставниците имаат обврска да им печатат материјали и редовно да им ги доставуваат, но и да бидат во постојана комуникација со нив и нивните семејства, за да го следат совладувањето на наставниот материјал, наведуват од МОН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе