Код Македонија Топ вести

КОД: Штитениците од Заводот за Рехабилитација ноќе под ведро небо- крај зградата која се реновира

Пред околу еден месец овде започнало реновирање- проект на Министерттвото за труд и Социјала и УНДП како донатор. Но реновирањето донело нови проблеми. До редакцијата на КОД сатсаа фотографии кои беа загрижувачки. На подот од училницата наредени душеци а на нив штитеници од различна вораст –тоа биле нивните спални откако почнало реновирањето на старите и дотраени соби во кои дотогаш живееле. Без кревети без соодтвена постелнина . Расфрлан мебел и шут , но и по некој дотраен кревет може да се види на овие слики. Штитениците ноќе под ведро небо седат пред зградата која се реновира. Впечатливи се козите кои пасат во дворот на Заводот за рехабилитацуија кои се шетаат околу штитениците додека тие ручаат. Побаравме дозвола да видиме што се слулчува овде.

Раздвижено работно со мајстори кои на сите страни реновираат. Ваква слика затекнавме откако го известивме Министертвото дека сакаме да снимаме во Заводот за Рехабилитација. Креветите беа наместени под конец, во училниците од управнатѕа зграда додека старите спални се реновираат.

Фатмир Ејупи две години е директор на Заводот, вели дека со децении овде ништо не е реновирано. Минатата година е направен проект на Министеттвото и од тогаш е почната постапка да се обноват дотраените згради каде очигледно немало елементарни услови за живот на корисниците

Снежана Лупевска Созен

Гледајте КОД на Телма вечерва во 19.15ч

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе